Dry Needling
Dry Needling е медицинска техника која ја врши квалификуван физиотерапевт со цел да се намали болката, мускулната тензија и подобрување на мобилноста.
Dry Needling е медицинска техника која ја врши квалификуван физиотерапевт со цел да се намали болката, мускулната тензија и подобрување на мобилноста. Се користи во различни мускулно-скелетни проблеми, вклучувајќи: акутни или хронични повреди, главоболки, болка во вратот, болки во грбот, тендинитиси, тениски лакти лиголфски лакт, спазам и грчеви во мускулите, ишијалгија, болка во колкот или коленото, фибромијалгија,.
Што е Dry Needling?
Dry Needling е третман што физиотерапевти често ја користат за ублажување на болката. За третманот се користат стерилни акупунктурни игла кои се вметнуваат преку кожата во мускулите, тетивите, лигаментите или блиску до нервите за да постигнување на саканиот ефект, намалување на болката, да се намали тензијата на мускулите и да се зголеми мобилноста.
Dry Needling не е исто како класичната акупунктура, таа се базира на западно модерна научна докажана медицина за мускулно-скелетни и невро мускулни системи.
Што може да се третира со Dry Needling?
Dry Needling може да се користи за различни мускулно-скелетни проблеми. Кога се комбинира со традиционалната физикална терапија и напредните методи за мануелна терапија, успеваме да ги третираме повеќето проблеми поврзани со болките од глава до пети и од акутни до хронични состојби.
Исто така, Dry Needling се користи и во спортската медицина за да им се помогне на спортистите да ја надминат болката во мускулите. Често пати за подобар краен ефект и забрзување на времето потребно за закрепнување за стимулација на акупунктурните игли се користи електро стимулација. Ефектот од електроакупунктурата е неспоредлив со рачната стимулација на акупунктуните игли.
Дали електро акупунктурата е болна?
За повеќето луѓе оваа техника предизвикува малку непријатност со вметнувањето на иглата. Но, ние се стремиме да го направиме третманот практично безболен, но, понекогаш, може да почувствувате „одговор на грчеви“, кој често се чувствува како брз мускулен грч или болка. Овие чувства се нормални и понекогаш пожелни.

