Ние сме Центар за физикална терапија Валео и тука сме за ВАС!
Зошто Валео?
Нашата визија е да направиме разлика во вас, да го подобрите вашето здравје и придонесот во нашата заедница. Со страст и интегритет, обезбедуваме највисок квалитет на природна здравствена заштита користејќи клинички докажани методи и техники за физиотерапија. Дојдете да доживеете извонредност во грижата за вас и вашето здравје и почнете да го живеете животот што требаше да го живеете и го заслужувате.
За нашиот центар:
Горди сме што обезбедуваме најсовремена апаратура во југозападниот дел од Македонија каде што можете да очекувате најквалитетна физиотерапевтска нега на располагање. Наш врвен приоритет е да ја заштитиме благосостојбата на нашите ценети пациенти.
Наша цел:
Сакаме да ги едуцираме нашите пациенти за негата преку методите на физиотерапијата и други природни решенија за вообичаените здравствени проблеми со цел да ги мотивираме да преземат поактивна и поодговорна улога во обновувањето и одржувањето на сопственото здравје. Ние приспособуваме индивидуален специфичен план за лекување за да ги задоволиме посебните потреби, цели и единствената здравствена состојба на секој поединец, давајќи надеж за функционална реставрација
Мисија:
Сакаме да им ја донесеме на пациентите најдобрата и најопсежната можна грижа. Ние обезбедуваме надеж, го обновуваме здравјето и ги подобруваме животите преку физиотерапевтската нега. Ние го откриваме вашиот потенцијал! Не дозволувајте болката да ве оддалечи од квалитетен живот.
Нашите физиотерапевти обезбедуваат различни услуги кои ја намалуваат болката и промовираат здравје и благосостојба, за да останете активни и без повреди, да се чувствувате подобро, да се движите подобро, да бидете подобри и да ја почувствувате промената.
Да се биде физички здрав не е скапо!
Скапо е да живеете со повреди и болка…
Затоа спречете ги повреди,
Одберете физиотерапија, одберете го Валео!
A change is coming, a change is you!
Да ја победиме болката заедно…
Ваш Валео