Предхируршката рехабилитација може многу да ви помогне во закрепнувањето!
Ако имате хируршка интервенција нормално е да бидете загрижени за исходот или колку долго ќе закрепнувате. Физикалната терапија често пати се препорачува за да им се помогне на пациентите после операција како дел од нивниот план за закрепнување, но дали сте знаеле дека предхируршкиот третман со физикална терапија има големи придобивки во понатамошната рехабилитација?
Ако сте заинтересирани да дознаете повеќе за предхируршката рехабилитација контактирајте не во Центарот за физикална терапија „Валео“.
Предхируршката рехабилитација се повеќе се препорачува од хирурзите бидејќи може да ги подобри вашите резултати. Истражувањата покажуваат дека започнувањето со физикална терапија еден месец пред операција може значително да го забрза времето на закрепнување.
Нормално е подготовката за операција да ви предизвикува загриженост или вознемиреност, но програмата со вежбање може да ви помогне. Планот за предхируршка рехабилитација ќе ви помогне да останете физички и психички подготвени за престојниот период.
6 клучни придобивки од предхируршка рехабилитација:
Шест начини на кои предхируршката рехабилитација може да помогне вашата операција и периодот на опоравување да бидат поуспешни:
- Помалку болка
Физиотерапевтите може да ви помогнат во намалување на болката. Тие може да користат разни методи на физикална терапија, кинезитерапија, мануелна терапија, масажи, топли или ладни процедури кои што значително можат да ја намалат болката.
- Помали шанси за нешто да се искомплицира
Третманите со физикална терапија, особено оние кои вклучуваат и вежбање можат да ја подобрат вашата сила и издржливост. Како резултат на ова вашиот имунитет се подобруваи имате помали шанси да развиете некакви компликации после операцијата.
- Побрзо опоравување
Ако одлучите да ја завршите програмата за вежбање пред операцијата, вашето закрепнување временски ќе се намали и би требало да оди многу полесно отколку без третмани со физикална терапија. Ќе можете многу побрзо да се вратите во редовниот тек на работите со вашатасекојдневна рутина ако имате затегнати, силни мускули кои одат на операција!
- Ја зголемува издржливоста
Без разлика каква операција ќе имате, секогаш се губи силата на мускуло-скелетниот систем. Применување на програма за претходна рехабилитација за зголемување на вашата издржливост пред операција може да ви помогне да се намали силата што се губи. Вклучување на физичка активност пред операција ќе ја подобри вашата целокупна издржливост и ќе ја олесни операцијата.
- Можеби ќе успеете да избегнете операција
Може да се избегне хирушка интервенција ако вашите третмани добро функционираат во подобрување на вашата болка и севкупната состојба. Некои пациенти откриле дека третманите многу им помогнале да ја намалат болката која ја чувствувале. Ако вашата состојба почне значително да се подобрува по започнување со физикална терапија, консултирајте се со вашиот лекар во врска со идните опции за третман и можноста за избегнување на операција.
- Подобри резултати
Физикалната терапија може да ги подобри севкупните резултати од операцијата. Колку сте посилни пред операцијата, поголема е веројатноста операцијата да биде успешна.
Дали предхируршката рехабилитација е соодветна за мене?
Пред хируршката рехабилитација помага да се подобри силата и да се ублажи болката. Може да ви помогне и психички да се подготвите за операцијата, затоа што тоа е трауматично искуство и се изведува кога нема други опции. Физикалните терапии во кои е вклучено вежбање може исклучително да ги подобри вашите постоперативни резултати и да го намали времето на рехабилитација. Во центарот за физикална терапија„Валео“ сезапознаени како да Ве подготват за престојната операција, да ве поттикнат да започнете правилен план за лекување и да ви помогнат да го подобрите вашето физичко здравје и благосостојба.
Предхируршката рехабилитација обезбедува голем број придобивки за пациентите. Ќе бидете посилни, пофлексибилни и поздрави при што многу побрзо ќе се вратите во секојдневните активности после операцијата.
Ако имате претстојна хируршка интервенција не одложувајте повеќе.
Контактирајте го Центарот за физикална терапија Валео денес!
Повеќето пациенти кои се подложени на операции се упатени во центар за физикална терапија за закрепнување и на крајот мора да се навикнат на рутина за вежбање. Решението да започнете програма за вежбање значи дека ќе можете да се навикнете на таа рутина пред операцијата, така што тоа нема да представува шок за вашиот организам да треба да се навикне потоа.
Пред хируршката рехабилитација обезбедува голем број позитивни придобивки за хируршките пациенти. Кога сте колку што е можно посилни, флексибилни и здрави, можете многу побрзо да ја вратите нормалната функција по операцијата.
Ако имате претстојна хируршка операција, не одложувајте повеќе. Поставете се за долгорочен успех во закрепнувањето; Контактирајте не денес во Валео за да разговарате со еден од нашите квалификувани членови на тимот. Нашиот Центар за физикална терапија „Валео“ е посветен да ви ги обезбеди најдобрите достапни опции за третман!