-
Што е функционална магнетна стимулација?
Функционална магнетна стимулација (ФМС) е неинвазивен и безболен метод кој се базира на електромагнетно поле под влијание на висок интензитет 2.5 T. Кој овозможува бесконтактна стимулација на површински и длабоки ткива.
-
Како магнетното поле го активира мускулот?
Брзите промени на интензитетот на магнетното поле предизвикува електрична струја во невронот. Овој феномен се нарекува електромагнетна индукција. Откако струјата ќе достигне одредена вредност, се постигнува т.н. невронски акционен потенцијал. Ова предизвикува деполаризација на невронските клетки, што на крајот доведува до целосна контракција на мускулите.
Медицински ефекти
Функционалната магнетна стимулација се базира на високо ниво на интензивно електромагнетно поле, кое позитивно влијае на човечкото тело. Со ФМС може да се ублажи болката, да се ослоби згрченоста на зглобовите, значително го забрзува процесот на лекување на фрактури. Исто такаги регенерира оштетените меки ткива како дискус хернии и менискуси, ги релаксира или зајакнува на мускулите
Индикации за примена на ФМС
Функционалната магнетна стимулација со користење на лековити ефекти на електромагнетно поле претставува совршен третман на болните состојби на невромускулниот и скелетниот систем.
- Намалување на спазам
- Импиџмент синдром и смрзнато рамо
- Регенерација на нерви, неуралгија, неуритис, полиневропатија
- Карпал тунел синдром
- Торакална мобилизација
- Заздравување на фрактури
- Руптури на мускули, тетиви и лигаменти
- Пателарна тендинопатија
- Епикондилит
- Спречување на атрофија на мускулите
- Подобрување на дишењето
- Акутен и хроничен лумбален синдром (лумбаго и ишијалгија)
- Акутна и хронична дегенерација на интервертебралните дискуси (дискус хернија)
- Акутна и хрнична радикулопатија
- Рехабилитација на трауматски мускул или нерв
- Третман на акутна болка
- Спортски повреди
Контраиндикации за примена на ФМС
- - Активни белодробни заболувања, туберкулоза
- - Употреба на медицинска пумпа
- - Јувенилен дијабетес
- - Бременост
- - Прва фаза на акутен третман на рак
- - Тешки болести на срцето и циркулаторниот систем(пр.акутна коронарна инсуфициенција, оштетено снабдување со крв)
- - Хипертироидизам
- - Гастроинтестинални заболувања со ризик од крварење
- - Акутни инфективни болести, бактериски вирус и габични инфекции
- - Епилепсија

