6 состојби кои би можеле да бидат причини за болка во лактот, рачниот зглоб или раката
Не треба сами да се справувате со болката!
Размислете за вашето типично утро. Станувате од кревет, ги извршувате утринските хигиенски активности, се облекувате, правите појадок и одите на работа. Дали некогаш сте се запрашале колку пати сте ги користеле рацете, лактите и рачниот зглоб? Ако чувствувате болка во било која од овие области, веројатно сте многу свесни за тоа колку често ги користите и почнува да ве иритира болката која не исчезнува.
Не еважно дали чувствувате болка поради повреда, болест или поради некоја друга состојба, сепак на крај тоа може да влијае на квалитетот на вашиот живот.
Зошто имате болки во раката, лактот или рачниот зглоб?
Еве неколку најчести состојби кои можат да бидат причина за болката која ја чуствувате:
Артритис
Артритисот е многу честа состојба која се јавува кај луѓето. Постојат повеќе различни форми на артритис, но најчесто тој е предизвикан од повторливи движења или повреда која влијае на ‘рскавицата на зглобот на рамото, лактот или рачниот зглоб. Физикалната терапија помага да се подобри движењето на зглобовите, да се намали воспалението и да се зајакнат околните мускулни групи.

Истегнување/ исчашување
Истегнувањето се однесува на повреди на мускулите или тетивите, додека исчашувањето се однесува повеќе на лигаментите. Истегнувањето и исчашувањето на рамото, лактот и рачниот зглоб може да резултира со огромна болка и да ве спречува во секојдневните активности. Овие повреди најчесто се јавуваат од брзо исфорсирано истегнување на лигаментите или тетивите како што е пад со испружена рака или фаќање на тежок товар.
Кубитал тунел синдром
Кубитал тунел синдром е форма на оштетување и компресија на нервите што доведува до болка на раката, лактот и рачниот зглоб. Тоа е предизвикано од притисок на улнарниот нерв, кој се наоѓа на внатрешноста на лактот. Кога се врши притисок врз кубиталниот тунел и околните нерви тоа предизвикува болка, вкочанетост и сензации на малиот и домалиот прст на раката.
Бурзитис на лактот
На лактот има вреќичка исполнета со течност која се нарекува бурза која служи како перниче на улната. Кога бурзата е компресирана поради повреда или некое повторувачко движење тоа може да доведе до воспаление и болка. Оваа состојба е многу честа кај спортисти.
Карпал тунел синдром
Карпалниот тунел има улога да го заштити медијалниот нерв на внатрешната страна на рачниот зглоб, покрај тетивите кои служат за да може да ги виткате прстите. Често се прави стеснување на овој тунел, при што се прави компресија на нервите. Се појавуваат симптоми на вкочанетост и пецкање на палецот, првиот и вториот прст. Карпал тунел синром може да биде предизвикан од повреда или повторливо движење што прави притисок на тој дел од раката, како што е работа со склопување, куцање на тастатура, возење тешки машини и слично.

Тениски и голферски лакт
И двете повреди се резултат на повторливи движења. Тенискиот лакт се однесува на болка во латералниот (надворешниот) дел од лактот, додека голферски лакт е болка на медијалната (внатрешна) страна од лактот. Физикалната терапија е најдобриот третман за двете состојби затоа што го намалува воспалението и болката.
Ако сте искусиле некоја од овие состојби или ако имате постојана болка мора што поскоро да контактирате лекар или физиотерапевт.
Постојат различни симптоми поврзани со болката во раката, лактот или рачниот зглоб. Краткотрајна акутна болка во раката, лактот или рачниот зглоб обично е резултат на повреда, но хронична болка може да укаже на некоја состојба за која што треба да се направат детални испритувања и прегледи. Болката може да биде различна од слаба до многу јака, исто така може да се појавува или губи во текот на денот и ноќта.
Може да чуствувате вкочанетост, трнење или сензации во одредени области, особено во прстите. Во зависност од вашата состојба ова може да ви го отежнува секојдневните активности.

Спречете ја болката во раката, лактот и рачниот зглоб !ОД ВАС зависи !
Без разлика која е причината за болката во раката, лактот и рачниот зглоб физикалната терапија е одлично решение за вас. Ние во ВАЛЕО ви нудиме напредни и ефективни решенија кои можат да ви помогнат во ублажување или елиминација на болката, враќање на опсегот на движење и враќање во нормалните активности во вашиот живот.
Нашите физиотерапевти ќе ја проценат вашата состојба, медицинската историја и ќе направат план за нега и лекување за вас. Ова може да вклучува физикална терапија, мануелна терапија, кинезитерапија, масажи и слично.
Не дозволувајте болката во раката, лактот или рачниот зглоб да ви го намали квалитетот на живот.

