Намалувањето на болката во рамото е поблиску отколку што мислите!
Физикалната терапија може да обезбеди долготрајно ослободување од болката
Барем еднаш во животот повеќето луѓе може да почуствуваат болка во рамото. Болката во рамото може да се појави во најнепогодни моменти, како на пример кога посегнувате кон горната полица во продавница за да земете некој предмет или кога се обидувате да најдете удобна положба за спиење без да почуствувате болка во рамото или вратот. Болката исто така може да се манифестира како резултат на повреда. Постојат неколку причини за појава на болка во рамото, чија сериозност може да варира од повремена непријатност на мускулите околу рамениот појас па се до непријатно чувство на „триење“ -коска на коска. Без оглед на вашата состојба Центарот за физикална терапија „Валео“ е посветен да ви обезбеди повеќе начини за справување со болката.
Од каде доаѓа болката од рамото?
Рамениот зглоб е најсложен и најподвижен во човечкото тело. Поради тоа постојат многу различни можности кои може да предизвикаат болка. Некои од најчестите причини за болка во рамото се :
Импиџмент синром:
Импиџмент синдромот опишува состојба во која тетивите на ротаторната манжетна на рамото се притиснати додека минуваат помеѓу врвот на надлактицата (хумерус) и врвот на рамото (акромион). Ротаторната манжетна е група од четири мускули и коски кои делат заедничка тетива. Болката обично се јавува кога ја кревате раката до или над 90 степени.
Инпиџмент сидром е многу честа повреда на рамото! Во оваа објава ќе се фокусираме на м.супраспинатус, еден од нашите 4 ротаторни мускули што најчесто го предизвикува овој проблем!
М. супраспинатус се зацврстува на супраспинозната фоса на скапулата па се до големиот туберкулум на главата на хумерусот.Тетива на м.супраспинатус поминува низ просторот помеѓу акромионот и хумералната глава која ја нарекуваме субакромиален простор. ⠀
Тој простор е тесен, тука се појавува инпиџмент синдромот. Инпиџмент синдромот може да влијае и на субакромијалната бурза и на долгата глава на бицепс брахии.
Кога ја кревате раката нагоре, субакромијалниот простор станува тесен и предизвикува зафаќање на тетивата на м.супраспинатус. Инпиџмент синдромот тогаш може да се случи предизвикувајќи иритација на тетива или бурза.
Инпиџмент сидромнајчесто е предизвикан од правењето повторувачки движења кои пак можат да ја влошат состојбата на тетивата, предизвикувајќи воспаление и задебелување! Кога ќе се задебели тетивата, субакромиалниот простор ќе стане уште потесен! Како резултат на тоа, добивате намален опсег на движење, болка и потенцијално кинење на тетивата на м.супраспинатус!
Најчесто изложени на овие повреди се спортисти кои се многу активни со рацете (пливање, ракомет, тенис, кошарка) или каква било активност што вклучува повторувачки движења (градежни работи,молерај и сл).
Симптоми:
- Болка при кревање на раката на ниво над главата,
- кревање тешки предмети или посегнување по предмет
- Можна појава на оток и сензации на предна страна на рамото
- Намален опсег на движење поради болка и вкочанетост
- Слабост на ротаторните мускули и евентуално на другите околни мускули – понекогаш ќе можете да забележите атрофија на мускулите на погодената страна!
- Вечерна болка(при менување на положбата на спиење)
Нормално, во раната фаза луѓето имаат тенденција да го игнорираат проблемот. Обично се додека не се предизвикаат понатамошни повреди/кинење. Никогаш не форсирајте се да ја издржите болката, болката е таму со причина! ⠀
Консултирајте се со нашите физиотерапевти во центарот за физикална терапија Валео доколку се сомневате на некои од симптомите! Тие можат да потврдат дали имате проблем така што ќе направат некои специјални тестови и ќе ве водат со соодветна рехабилитација за намалување на болката! ⠀
Артритис:
Артритисот многу често се појавува и може да влијае без разлика на возраста. Двете главни форми на артритис кои го зафаќаат рамото се ревматоиден артритис и остеоартритис.
Ревматоидниот артритис се јавува кога имунолошкиот систем ќе одлучи да ги нападне мембраните околу рамениот зглоб, што резултира со болка и воспаление.
Остеоартритисот се јавува кога ‘рскавицата на рамениот зглоб се намалува, најчесто поради возраста или поради прекумерна употреба.
И двете состојби резултираат со болни ограничени движења, слабост на мускулите на рамената и потешкотии во извршувањето на секојдневните активности.
Смрзнато рамо:
Оваа состојба е позната и како „адхезивен капсулитис“ и е резултат на неактивност на вашата рака. Жените на возраст од 40 до 60 години имаат поголеми шанси за појава на оваа состојба за разлика од мажите. Смрзнато рамо резултира со болно губење на движењата во рамото кое резултира со затегнување на рамениот зглоб и капсулата што го ограничува движењето.
Тендинитис и/или калцификати(шилци) во рамениот зглоб
Кога рамениот зглоб се префорсира може да се појави тендинитис (воспаление на тетивите) или пак да се наталожат депозити на калциум фосфат (народно познати како шилци) на припојот на тетивите за коската или пак по должината на некоја од тетивите на ротаторната манжетна. Тоа обично се должи како резултат на макотрпна работа, преголема физичка активност или спорт. Понатаму, лошото држење на телото исто така може да биде главен фактор, бидејќи ги менува нормалните сили на тетивите и предизвикува повреда на тетивите. Лошото држење предизвикува воспаление на тетивите, што резултира со оток и болка особено при кревање на раката.
Руптура на мускулите на ротаторната манжетна:
Ротаторната манжетна е составена од 4 мускули, тетиви и меко ткиво што го опкружуваат рамениот зглоб. Ако имате повреда, лошо држење на телото или неправилно го движите рамото, тоа може да предизвика целосна или делумна руптура. Во зависност од состојбата, можеби ќе ви треба операција, но центарот за физикална терапија „Валео“може драстично да ви помогне да се намали болката, да се врати силата и опсегот на движење на ротаторната манжетна за да се компензира делумната руптура на мускулот.
Како се јавува болката во рамото?
Рамото е многу сложен дел од вашето тело. Тоа има способност да постигне многу физички задачи, а исто така има најголем опсег на движење од сите зглобови што ги имате во вашето тело.
Тоа е зглоб „утикач и штекер“, што значи дека главата на коската на надлактицата, или „хумерус“, совршено се вклопува во соодветниот простор во рамките на лопатката или „скапулата“. Краевите на коската се заштитени со дебел слој на ‘рскавица, заштитувајќи ги коските од триење.
Ќесите исполнети со течност наречени „бурса“ исто така ги штитат тетивите од триење со коските. Тетивите ги прикачуваат коските во рамото на збир на коски, познати како ротаторна манжетна. Ако нешто тргне наопаку со сложеноста што ја сочинува механичката интеракција на рамото, болката може да биде траен резултат, освен ако не се бара соодветен физикален третман.
Типот на болка што ја чувствувате во рамото може да варира, во зависност од причината што ја предизвикува. Болката од импиџмент, на пример, започнува во одредена точка во опсегот на движење додека ја кревате раката нагоре во воздухот. Болката што произлегува од дегенерирано рамо може да создаде постојани болки секогаш кога ќе ја движите раката во одредени насоки. Акутните повреди може да резултираат со ненадејни и интензивни болки кои го оневозможуваат движењето на рамото. За среќа, нашите вешти и внимателни физиотерапевти во центарот за физикална терапија Валео, знаат точно како да ја третираат оваа болка и ќе ве вратат во вашата нормална рутина за кратко време.
Контактирајте го нашиот центаруште денес за ублажување на болката во рамото!
Физикалната терапија е природен, неинвазивен и удобен начин да се најде олеснување за болката во рамото, без потреба од штетни лекови или инвазивна операција. Нашите физиотерапевти третираа голем број состојби на болка во рамото во досегашниот период и искуството ни кажува дека нашите пациенти доживуваат подобрување и олеснување на болката во рамото по само неколку сесии со нас.
Нашите физиотерапевти во центарот за физикална терапија Валео се обучени експерти физиотерапевти кога станува збор за прецизно утврдување на причината за вашата болка преку различни дијагностички техники и методи. За време на прегледот, нашиот терапевт ќе ја испита вашата издржливост, сила, опсег на движење, координација, вашата медицинска историја и мобилност на зглобовите. Откако тие ќе ја утврдат причината за болката во рамото, тие можат да создадат приспособен индивидуален третман полн со различни методи на физикална терапија за да ја ублажат или елиминираат вашата болка.
Не дозволувајте болката во рамото да го контролира вашиот живот!
Нашиот центар за физикална терапија„Валео“ ќе ви ја даде потребната помош за повторно да се вратите на вашата дневна рутина. Контактирајте го центарот за физикална терапија„Валео“ денес за да закажете преглед или консултација и да започнете на вашиот пат кон целосно олеснување на болката во рамото.

