Непречено закрепнување преку пост-хируршка рехабилитација
Пост-хируршката рехабилитација може да ви го олесни закрепнувањето
Дали имате некоја претстојна хируршка процедура? Дали сте биле загрижени за тоа колку долго ќе трае закрепнувањето и колку долго ќе отсуствувате од работа? Дали ја испитувате вашата способност за враќање со обврските? Сето тоа е сосем нормално. Сепак пост-хируршката рехабилитација во
Центарот за физикална терапија Валео може да го олесни тој процес.
Ако го барате најбрзиот начин како да се опоравите после вашата процедура, време е да се консултирате со некој од нашите физиотерапевти. Тие ќе направат проценка на вашата моментална состојба и ќе се погрижат да ги добиете сите информации што ви се потребни за непречено и брзо закрепнување.
Побарајте термин уште денес за да се уверите како може да ви помогнеме побрзо да се вратите во вашиот живот после операцијата.
Бенефити од пост-хируршка рехабилитација
Рехабилитацијата пред и после операција е од суштинско значење за успешно и непречено закрепнување. Операцијата се смета за некоја форма на траума, а начинот на кој вашето тело реагира може да варира. Дури и малите и помалку комплицирани хируршки процедури може да имаат големо влијание врз вашето здравје и благосостојба. Затоа пост-хируршката рехабилитација е од суштинско значење. Ние сакаме да ви овозможиме се да оди без проблем за време на вашето закрепнување.
Поминувањето на индивидуален пост-хируршки третман со добро обучени физиотерапевти може да ја минимизира болката, да го забрза процесот на закрепнување и да ги намали шансите за развој на постоперативни инфекции, крварења, згрутчување на крвта, мускулна слабост, намалена функција или некои други проблеми кои може негативно да влијаат на вашето долгорочно здравје.
Пост-хируршката физикална терапија има и други придобивки за кои можеби не сте знаеле. Може да ви помогне да ги намалите или целосно да ја избегнете употребата на лекови против болка или опиоиди.
Дали навистина ми е потребна операција ?
Понекогаш неинвазивните техники на третман за здравствените состојби или повреди може да не се ефикасни за ослободување на болката. Во тој случај пожелно е да се направи операција.
Некои вообичаени состојби кои може да доведат до операција се:
- Руптури на менискус, ACL и MCL ;
- Руптури на ротаторна манжетна ;
- Артроза на колк ;
- Артроза на колено ;
- Кардилошки проблеми, проблеми со срцето и/или венскиот систем.
Овие операции може сериозно да влијаат на функционалноста на вашето тело. После повеќето операции може да се појави оток, воспаление и ограничување на подвижноста. Ова навистина само ги влошува работите затоа што веќе чувствувавте болка и непријатност пред операцијата, зошто чувството на уште повеќе од тоа во повисок степен би било корисно?
За да избегнете повторна повреда, повторлива дисфункција и да го помогнете процесот на заздравување некои секојдневни обврски ќе мора да ги научите повторно, како на пример одење или облекување. Нашите физиотерапевти ќе ве научат како безбедно да ги извршувате секојдневните активности, притоа следејќи ги упатствата кои ви се дадени од вашиот хирург после операцијата. Тие може да вклучуваат одредени мерки на претпазливост во зависност од видот на операцијата кои може да се мерки на претпазливост на градната коска, мерки на претпазливост за колковите, за ‘рбетот или да ви даваат совети која тежина може да ја користите при вежбање.
Контактирајте не за да дознаете повеќе за вашите опции за пост-хируршка рехабилитација !
Вашиот лекар може да препорача лекови за намалување на болката, но физикалната терапија ќе ви помогне да ја намалите болката без лекови. Таблетите само ја маскираат болката, додека физикалната терапија е тука да го пронајде изворот на болка и да го третира. Ова се постигнува со спезијализирани методи и техники како што се, мануелна терапија, повеќе процедури на физикални терапии, електро терапија, шоквејв терапија, функционална магнетна стимулација, ултразвук, стимулации, масажи и програми во вежби.
Во центарот за физикална терапија Валео ќе ве советуваат за различни начини за тоа како да се приспособите на таквите ограничувања, на пример како да се качувате или симнувате по скали, како да се облечете или да излезете од автомобил. Со правење на овие промени во вашето движење и рутина ќе можете слободно да се движите, а истовремено да работите на враќање на нормалниот опсег на движење на вашето тело.
Без разлика која е причината и за што била вашата операција, физикалната терапија може да ви помогне да се вратите во нормалното ниво на физичка активност. Нашите планови за третман ќе вклучуваат вежби за истегнување, вежби за максимално закрепнување и ублажување на болката. Ако ви претстои некаква операција во иднина, не чекајте, контактирајте не. Јавете ни се денес, и ние ќе ви помогнеме да се подготвите на најдобриот можен постоперативен исход.

