Најдете долгорочно ослободување на болката со физикална терапија !
Не дозволувајте хроничната болка да ви го уништи денот !
Дали постои болка која ве ограничува во вашите секојдневни обврски? Ако е така, физикалната терапија може да ви помогне за конечно ослободување на болката.
Болката може да биде акутна и да трае неколку денови, недели и месеци. Но доколку болката трае подолго од три месеци таа се нарекува хронична болка.
Причини за хронична болка
Во многу случаи хроничната болка е од неврофизиолошко потекло. Хроничната болка може да се појави во повеќе форми, но најзабележителни се болките во грбот, болки во зглобовите, нервните болки или главоболките. Овие болки најчесто се јавуваат од следниве причини:
Несреќи
Без разлика дали се сообраќајни несреќи, повреди на работно место или во вашиот дом, секоја несреќа може да предизвика хронична болка. Околу 21% од луѓето кои имале сообраќајни несреќи развиваат хронична болка.
Повреди кои настануваат од преголем замор
Повредите од преголем замор се многу чести и можат да се појават во било кој дел на телото. Стоењето во место, одењето, работата, вежбањето и неправилните начини на кои се изведуваат вежбите, може да влијаат на вашето тело и да предизвикаат болка. Ова може да резултира со оштетување на вашите зглобови или мускули. На пример, ако кревате тежина на работното место, неправилното кревање може да доведе до хронична болка во грбот. Физиотерапевтот ќе ви даде совети како правилно да го држите вашето тело во секојдневниот живот за да ги избегнете овие проблеми.
Болест
Постојат многу болести кои можат да доведат до хронична болка, вклучувајќи артристис, фибромијалгија, мултиплекс склероза, херпес зостер, невропатија како резултат на дијабетес и.т.н. Сето ова може да резултира со хронична болка, која може да се намали со физикална терапија.
Операција
Хируршките процедури понекогаш се неизбежни. Иако може да бидат неопходни за ублажување на одредени состојби со кои се соочуваате, периодот на опоравување по операцијата може да резултира со голема болка. Кога го компензираме движењето подолго време за полесно движење, тоа често предизвикува дополнителна болка. Физикалната терапија нуди пост-хируршки услуги за рехабилитација кои можат да помогнат за да се забрза времето на закрепнување, да се ублажи болката и да се намали ризикот од хронична болка во иднина.
Каква е разликата од хронична и акутна болка ?
Акутната болка може да се дефинира како болка која поминува сама по себе за неколку часа или денови. Пример за акутна болка е мало истегнување на скочниот зглоб, болката ќе се повлече брзо во рок од неколку дена.
Хроничната болка е постојана непријатност која трае 3-6 месеци или подолго. Со ограничување на вашата подвижност, создавањето зависност од лекови може значително да го намали квалитетот на вашиот живот. Затоа потребно е да побарате помош од физиотерпевт за совладување на болката без лекови.
Дали постои олеснување на хроничната болка?
Намалување на болката, откривање на причини за појава на болка и нејзино третирање се главни цели на физикалната терапија.
Проценката од физиотерепевтот ќе ги проучи сите ризични области на вашето тело, ќе се фокусира на ограничениот опсег на движење и начинот на држење и одење. Сето ова помага да се пронајдат причините за појава на вашата хронична болка.
Откако ќе се заврши евалуацијата, нашиот физиотерапевт ќе создаде план за третман прилагоден на вашите индивидуални потреби. Ова може да вклучува различни методи за смирување на болката, физикална терапија, мануелна терапија, масажа, кинезитерапија. Вашиот третман ќе се состои и од програма на вежби што ќе треба да ја правите и во домашни услови.
Ако сте подготвени да најдете олеснување на вашата хронична болка контактирајте не и закажете термин. Нашите физиотерапевти со задоволство ќе ви помогнат во вашата потрага кон долготрајно ослободување на болка.