Кинезитерапија
Кинезитерапија е метод со кој што се изведуваат движења со телото и рацете а кои се применуваат за терапевтски цели. Кинезитерапија (грчки kinesis - движење, therapeio - лекување) е дел од физикална терапија која се занимава со примена на движење за целите на третманот, со цел утврдување на оптимално функционирање на делови на организмот како целина.
Кинезитерапијата, како дел од физикална терапија е еден од најважните аспекти на медицинската рехабилитација. Таа се занимава со примена на системски движења на одредени делови од телото или на целото тело во форма на вежби со цел да се зачува, да се воспостави, да се развие или промени некоја функција на локомоторниот апарат, како и органите и системите кои се функционално поврзани со движење. Целта на кинезитерапијата е да се искористат сите потенцијали на третираните пациенти, со акцент врз постигнувањето на оптимално опоравување на оштетените функции на локомоторниот апарат.

Кинезитерапија опфаќа активни и пасивни вежби.
Активните вежби се поделени на:- Активно потпомогнати
- Активни без помош
- Активно вежби со отпор
Пасивните вежби се прават со контрахирање на мускулите без да се направи движење, и со помош на физиотерапевт.
Се применува во речиси сите медицински гранки во бројни патолошки состојби, но и превентивно. Практично и нема апсолутни контраиндикации.

Со кинезитерапијата се активираат:
- Скелетниот систем
- Зглобови
- Мускули
- Периферен нервен систем
- Централен нервен систем
Уште поголемо значење кинезитерапијата добива токму поради тоа што со движењето се доведува до ангажман и на други органски системи: кардиоваскуларниот, респираторниот, ендокриниот.
Затоа кинезитерапијата влегува како дел од рехабилитацијата не само на болестите и повредите поврзани со локомоторниот систем, туку и во рехабилитацијата на пациенти со болести на кардиоваскулариот систем, респираторниот систем, нервниот систем и др.
Терапевтски ефекти од кинезитерапијата се:
- Зголемување на мускулната сила и еластичност
- Зголемување на опсегот на движење во зглобовите
- Подобрување на функцијата на кардиоваскуларниот систем, респираторниот систем, нервниот систем и органите за варење
- Подобрување на циркулацијата и забрзување на локалниот метаболизам и обновување на процесите на организмот како целина
- Создавање на правилен шематски систем на движење и моторни активности

