Shockwave терапија
Shockwave терапија е уникатна, неинвазивна метода во физикалнататерапија којапретставува решение за болката поврзана сo мускулно-скелетниот систем и за многу хронични и акутни процеси во телото.
Ние ја користимекај проблеми како што се тениски лакт, болки во колкот, калцификација (шилци) на тетивите во рамениот зглоб, воспаление и болка во Ахиловата тетива, и многу други. Во принцип третманот се покажа како исклучително ефективен во споредба со стандардните методи на физикална терапија кои се тешки и долготрајни .
-
Што се случува за време на Shockwave терапија?
За време на терапијата, висок интензитет на акустичен бран продира до ткивата и носи висока енергија на болните точки и на фиброзните или мускулоскелтните ткива со субакутни, субхронични и хронички заболувања. Оваа енергија предизвикува оздравување, регенеративни и репаративни процеси на тетивите и меките ткива. Ова предизвикува голем број на корисни ефекти како што се неоваскуларен раст, намалување на воспалението, стимулирање на колаген, елиминација на калцифицираните формации.
Придобивките од Shockwave терапијата:
- Аналгетски ефект - елиминација на болка
- Ја подобрува ре-апсорбцијата на депозитите од калциум фосфат и доведува до нивна елиминација
- Уникатно, не-инвазивно решение за болка поврзана со мускулно-скелетниот систем
- Shockwave терапијата има извонредна инвестиција вложено/добиено
- Намалување на мускулна тензија и инхибиција на спазам
- Зголемување на производството на колаген
- Подобрување на метаболизмот и микроциркулацијата
- Лигаментарна неоваскуларизација
- Стимулација на остеобластната активност со зголемување на остеогенезата
- Безанестезија, безлекови, без несакани ефекти
- Клиничките студии докажуваат дека степенот на успехот на терапијата е над75%
Главни области на примена: ортопедија, физикална терапија, спортската медицина.
Кога и каде се применува терапија со Shockwave апаратот?
Примената во физикална терапија е главно поврзана со третман на хронични заболувања на мускулите и тетивите, цервикална болка, болки во грбот и половината и третман на тригер точки. Во споредба со традиционалната рачна терапија, ЕSWT е крајно ефикасна. Го намалува бројот на спа и физикални третмани и доведува до подобри резултати на многу долг период.
Типични индикации се:
- Болно рамо (бурзитис, тендинитис)
- Епикондилитис (тениско и голфско лакто)
- Болкаво долниот дел на грбот (лумбаго)
- Болкаво Ахиловата тетива
- Plantar fascitis
- Пателарен тендинитис
- Мијалгии
- Третман на тригер (болни) точки
- Третман на ишијас и.т.н
Ортопедија
Примена на ударните бранови (Shockwave) во ортопедијата се фокусира на третманотна декалцификација, болниегзостози, разнитендинитиси и забавено заздравување на скршеници. ЕSWT е алтернатива во многу случаи кога операцијата е веќе неизбежна.
Најчести дијагнози се:
- Смрзнаторамо
- Калцификати на рамо
- Calcar calcanei (шилци во пета)
- Артроза – среден стадиуми.т.н.
Спортска медицина
Shockwave терапија многу често се користи во спортската медицина, поради своите оздравувачки и регенеративните ефекти врз меките ткива. Така да времето предвидено за рехабилитација значително се намалува.
Типични индикации се:
- Руптура на мускул
- Акутен мускулен спазам
- Воспаленија и болки на тетиви и мускулии.т.н.

