Контакт
Добредојдовте во Валео, центар за физиотерапија
Телефон
Е-Маил
Често користиме различни термини за да ја опишеме болката, како што се остра болка, печење, прободување. Тешко е да се знае дали ја чувствувате болката на ист начин како што ја чувствуваат вашите пријатели или семејството.
Не само што вашето искуство со болката е единствено и лично само за вас, туку тоа може да се менува од ден на ден и во различни ситуации. Истажувањата покажуваат дека болката може да се промени поради повеќе причини.
Најновата наука ни кажува два важни факти:
• Количината или интензитетот на болката што ја чувствувате не е показател за сериозноста на можната повреда.
• Искуството на болка може да се промени: болката што ја чувствувате денес не значи дека ќе биде иста како што ќе ја чувствувате утре.
Знаци и симптоми
Природата на вашата болка може да му даде на вашиот физиотерапевт одреден увид во тоа зошто и како ја доживувате болката. Важен показател е колку време едно лице ја доживува болката. Акутната (неодамна стекната) болка и хроничната (подолгорочна) болка не се исти работи.
• Акутната болка најчесто ја одразува вистинска повреда или оштетување на ткивото;
• Хроничната болка поретко се поврзува со повреда или оштетување на ткивото, таа е поврзана со други фактори како што се хронично воспаление, промени во нервната чувствителност, емоции, претходна трауматска повреда и промени што се случуваат во мозокот.
Знаци и симптоми на акутна болка
• Трае помалку од 3 месеци;
• Чувствувате локална болка на повреденото место;
• Може да биде придружено со оток, топлина и црвенило на повреденото место;
• Се зголемува кога повреденото ткиво е испровоцирано или компромитирано, а се намалува кога ќе се отстрани факторот што ја предизвикуива болката (пр.Ако имате отечена или повредена тетива во вашето рамо, може да почувствувате болка кога ја движите раката над главата. Но кога ја поместувате раката наназад или надолу, растоварувајќи ја тетивата, болката често се повлекува или барем значително се намалува).
Знаци и симптоми на хронична болка
• Болка која трае подолго од 3 месеци;
• Болка која е резултат на оштетување или повреда на ткивото;
• Болка која често е непредвидлива и не може постојано да се поврзува со одредено движење или активност;
• Преосетливост дури и при најмала болка;
• Болка придружена со психолошки фактори како депресија, страв или анксиозност.
Како се дијагностицира?
За разлика од другите болести или проблеми поврзани со здравјето, не постои единствен метод за дијагностицирање на болката. Вашиот физиотерапевт ќе ви пострави прашања за да утврди одереден физички проблем кој ја предизвикува вашата болка. Вашиот физиотерапевт може да ве праша:
• Колку долго имате болки?
• Како започна болката?
• Кога ја чувствувате болката?
• Колку време е потребно да исчезне?
• Како ја „чувствувате“ болката?
• Што правите за да се чувствувате подобро?
• На скала од 0 до 10, може ли да оцените колку ја чувствувате болката моментално?
• Што мислите дека ја предизвикува болката?
• Која е вашата мината медицинска историја?
Исто така, вашиот физиотерапевт може да побара од вас да пополните прашалник за по прецизно да се открие како болката може да влијае на вашиот секојдневен живот.
Можеби ќе ви бидат потребни дополнилетни испитувања, како што се рендген, компјутерска томографија, магнетна резонанца за да се исклучи било која основна медицинска состојба што придонесува за вашата болка. Вашиот физиотерапевт ќе ве упати кај други медицински професионалци за овие проценки.
Да ја победиме болката без лекови!
Центарот за физикална терапија „Валео“ се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“. Телефонот е 071/506-818. Повеќе детали за тековните акции, понудата и промоциите на нашата официјална страна на Facebook.
Ваш „Валео“

Контакт
Телефон за контакт
