Контакт
Добредојдовте во Валео, центар за физиотерапија
Телефон
Е-Маил
Никој не сака да живее со болка. Но, никој не треба да го загрозува своето здравје во обид да биде без болка.
Опиоидите препишани од лекар се соодветни во некои случаи, но тие само ја маскираат болката, а опиоидните ризици вклучуваат депресија, предозирање и зависност, плус симптоми на повлекување при прекин на употребата. Пред да се согласите со препишаните опиоиди, прашајте го вашиот лекар дали физикалната терапија можеби е соодветна за вас.
Центрите за контрола и превенција на болест препорачуваат физикална терапија и други опции без лекови за хронична болка
Со оглед на тоа што прекумерната употреба на опиоидите и ризиците од користење на истите за третман на хронична болка станаа национална криза за јавното здравје, Центрите за контрола и превенција на болести објавија упатства кои препорачуваат други пристапи за третман на болката без лекови, како што е примена на физикална терапија, при долготрајна употреба на високи дози на лекови против болки кои предизвикуваат зависност.
„Нефармаколошката терапија и неопиоидната фармаколошка терапија се претпочитаат за хронична болка“, се вели во упатствата ( „Упатство на ЦКПБ за препишување опиоиди за хронична болка – САД, 2016 година“ – 15 март 2016 година). „Лекарите треба да размислуваат за опиоидна терапија само ако се очекува посакуваните придобивки за болката и за функцијата да ги надминат ризиците на пациентот. Доколку се користат опиоиди, тие треба соодветно да се комбинираат со нефармаколошка терапија и неопиоидна фармаколошка терапија“.
Иако постојат одредени состојби – вклучувајќи третман на рак, палијативна нега и нега на крајот на животот – каде што може да бидат соодветно препишани опиоиди за хронична болка, ЦКПБ наведе многу случаи каде што употребата на опиоиди може значително да се намали или целосно да се избегне.
Прегледот на контекстуалните докази покажа дека многу нефармаколошки терапии, вклучително и физикална терапија, губење на тежината кај пациенти со остеоартритис на коленото, психолошки терапии како што е КБT (когнитивна бихејвиорална терапија) и одредени интервентни процедури можат да ја подобрат (намалат) хроничната болка. Постојат висококвалитетни докази дека терапијата со вежбање (главен дел од физикална терапија) за остеоартритис на колкот или коленото ја намалува болката и ја подобрува функцијата веднаш по третманот и дека подобрувањата траат најмалку 2-6 месеци. Исто така се препорачува и аеробик, вежби во вода и/или вежби со отпор (со помош на ластици) за пациенти со остеоартритис на коленото или колкот. Терапијата со вежбање, исто така, може да помогне да се намали болката и да се подобри функцијата при болки во долниот дел на грбот и може да се подобри глобалната благосостојба и физичката функција кај пациентите со фибромијалгија. Затоа се препорачуваат побезбедни алтернативи како физикална терапија за справување на болката.
Болката е ваша, но за лекување на болката е потребна тимска работа
Физиотерапевтите тесно соработуваат со пациентите, нивните семејства и другите здравствени работници, со цел, да се справат со болката и да ја намалат или елиминираат потребата за користење на опиоиди. Истражувањата покажаа дека едукативна сесија со физиотерапевт може да доведе до подобрување на функцијата, опсегот на движења и намалена болка.
Кога станува збор за вашето здравје, имате избор. Изберете повеќе движење. Изберете подобро здравје. Изберете физикална терапија.
Да ја победиме болката без лекови!
Центарот за физикална терапија „Валео“ се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“. Телефонот е 071/506-818. Повеќе детали за тековните акции, понудата и промоциите на нашата официјална страна на Facebook.
Ваш „Валео“

Контакт
Телефон за контакт
