Контакт
Добредојдовте во Валео, центар за физиотерапија
Телефон
Е-Маил
Придобивките од физикалната терапија се значителни. Добивате грижа која е специфична за вашите цели, вашето тело и вашиот животен стил.
Физиотерапевтите се тие кои што ќе ви помагаат:
– Да го максимизирате вашето движење;
– Да управувате со болката;
– Да избегнете хируршки зафати;
– Да избегнетe конзумирање на лекови за болка;
– Да се справите со хронични (долгорочни) состојби на болка;
– Да закрепнете од повреди и да спречите повреди.
Еве преглед на некои од многуте придобивки од физикална терапија.
Максимизирајте го вашето движење
Физиотерапевтите ги идентификуваат, дијагностицираат и третираат проблемите со движењето. Тие им помагаат на луѓето да одржат или обноват што е можно повеќе функции. Физичката активност и движењето се многу важни за:
– Здравјето и благосостојбата;
– Справување со болката;
– Заработка за живот;
– Независност.
Постигнете ја препорачаната дневна физичка активност
Редовната физичка активност може да биде од корист за вашето физичко, ментално и социјално здравје. Исто така, помага да се спречат или подобрат многу хронични состојби, како што се:
– Срцева болест;
– Дијабетес;
– Дебелина;
– Депресија;
– Некои видови на рак.
Физиотерапевтите им помагаат на луѓето да ги надминат бариерите за физичка активност.
Грижа за вашите специфични потреби
Физиотерапевтите креираат планови за третман, специфични за потребите, предизвиците и целите на секоја личност. Тие работат заедно со вас за да развијат стратегии и да ви помогнат да ги постигнете вашите цели. Физиотерапевтите се грижат за луѓето од сите возрасти и способности.
Справете се со болката и избегнувајте опиоиди
Додека опиоидите пропишани од лекар се погодни за некои случаи, тие само ја маскираат болката. Физиотерапевтите им помагаат на луѓето да се справат со болката без ризици од употреба на опиоиди. Ризиците од опиоиди вклучуваат депресија, нарушување на употребата на супстанции, предозирање и симптоми на повлекување при прекин на употребата. За управување со долготрајна болка, ЦКПБ (Центрите за контрола и превенција на болести) препорачуваат побезбедни опции како физикална терапија.
Избегнувајте хируршки зафати
Физиотерапевтите им помагаат на луѓето да се справат со болката и да ги подобрат проблемите со движењето. Некои проблеми со болка и движење може да станат хронични и да доведат до операција. Физикалната терапија помага да се намалат симптомите на многу хронични болести и состојби. Исто така, таа може да спречи влошување на многу проблеми. Физиотерапевтите можат да ви помогнат да ги избегнете трошоците, потребата и ризиците од операција.
Истражувањата покажуваат дека физикалната терапија е исто толку ефикасна како и операцијата за некои состојби, вклучувајќи:
– Руптура на менискусот и остеоартритис на коленото;
– Руптура на ротаторната манжетна на рамото;
– Спинална стеноза;
– Дегенеративно заболување на дискот (дискус хернија).
Пред да направите операција, обидете се со физикална терапија. Во некои случаи, операцијата не може да се избегне. Физикалната терапија исто така им помага на луѓето да се подготват за операција и да закрепнат по операцијата.
Учествувајте во вашето закрепнување
Физиотерапевтите ги поттикнуваат луѓето да преземат активна улога во нивната грижа. Тие соработуваат едни со други, и со другите здравствени работници, за да се осигураат дека пациентите ја добиваат најдобрата нега.
Грижи се за твоето здравје #ИЗБЕРИсвојфизиотерапевт
Не ви треба лекарски упат за евалуација од физиотерапевт. Физиотерапевтите се експерти за движење кои ја третираат болката преку практична нега, едукација на пациентот и совети со пропишани движења и вежби. Тие им помагаат на луѓето да се справат или да ја елиминираат болката и да ја намалат потребата од операција и лекови против болка, како што се опоидите во многу случаи.
Да ја победиме болката без лекови!
Центарот за физикална терапија „Валео“ се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“. Телефонот е 071/506-818. Повеќе детали за тековните акции, понудата и промоциите на нашата официјална страна на Facebook.
Ваш „Валео“

Контакт
Телефон за контакт
