Контакт
Добредојдовте во Валео, центар за физиотерапија
Телефон
Е-Маил
Повеќето луѓе не се движат доволно и покрај докажаните придобивки, како што се намален ризик од рак и хронични болести, когнитивна функција, контрола на тежината и целокупниот квалитет на живот.
Второто издание на Упатствата за физичка активност за Американците, известува дека приближно 80% од возрасните и адолесцентите во САД се недоволно активни. Како резултат на тоа, многу Американци во моментов имаат или веројатно ќе доживеат хронични болести, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, прекумерна тежина или депресија.
Добрата вест е дека редовната физичка активност може да спречи и подобри многу хронични состојби.
Колку физичка активност треба да имате?
Според упатствата, препорачано е:
• Деца во предшколска возраст (од 3 до 5 години) треба да бидат физички активни најмалку 3 часа, ако не и повеќе во текот на денот. Родителите треба да поттикнуваат игри кои вклучуваат различни активности со цел да го ограничуваат времето за седење, како што е времето пред екраните.
• Деца и адолесценти (од 6 до 17 години) им треба најмалку 60 минути физичка активност во текот на денот. Ова вклучува и активности за зајакнување на коските и мускулите и забрзан пулс.
• Возрасни да имаат најмалку 150 минити неделно аеробик активности со умерен интензитет и најмалку 2 пати неделно активности за зајакнување на мускулите. Постепено зголемување и повеќе физичка активност обезбедува дополнителни придобивки.
• Возрасни и постари од 65 години треба да имааат најмалку 150 минути аеробик активност неделно и 2 пати неделно активности за зајакнување на мускулите. Треба да додадат и компоненти како што е тренингот за рамнотежа. Ако имате некои ограничувања поради некои хронични состојби, консултирајте се со лекар и бидете физички активни што дозволува вашата состојба.
• Бремени и постпартум, жени кои биле физички активни пред бременоста можат да продолжат со овие активности за време на бременоста и во пост парталниот период, но треба да се консултираат со својот доктор.
• Возрасни со хронични заболувања и инвалидитет, кои се способни, треба да имаат најмалку 150 минути неделно физичка активност со умерен интензитет.
Како физиотерапевтот може да ви помогне
Физиотерапевтите се експерти за движење кои го подобруваат квалитетот на живот преку пропишани вежби, практична нега и едукација на пациентот.
По поставување на дијагнозата, физиотерапевтите креираат персонализирани планови за лекување кои им помагаат на пациентите да ја подобрат мобилноста, да управуваат со болката и другите хронични состојби, да се опорават од повредите и да спречат идни повреди и хронични болести.
Физиотерапевтите ги поттикнуваат луѓето да бидат активни учесници во нивниот третман и тие соработуваат со други здравствени работници за да обезбедат пациентите да добијат целокупна грижа.
Да ја победиме болката без лекови!
Центарот за физикална терапија „Валео“ се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“. Телефонот е 071/506-818. Повеќе детали за тековните акции, понудата и промоциите на нашата официјална страна на Facebook.
Ваш „Валео“

Контакт
Телефон за контакт
