Контакт
Добредојдовте во Валео, центар за физиотерапија
Телефон
Е-Маил
Дегенеративната дискус хернија е остеоартритис на ‘рбетот кој се јавува како дел од природениот процес на стареење кај некои луѓе.
Дегенеративна дискус хернија се дијагностицира кога еден или повеќе од дисковите што ги амортизираат пршлените на вашиот ‘рбет ја менуваат формата, ја губат својата густина или се распаѓаат со тек на времето. Оваа состојба најчесто може да даде болки во вратот или во долниот дел на грбот. Но, во некои случаи воопшто нема болка, може само да чуствувате вкочанетост во ‘рбетот. Ако пушите, имате прекумерна тежина, не сте физички активни или работите тешка физичка работа поголема е веројатноста да добиете дискус хернија.
Дијагнозата на дискус хернија не е причина за аларм и ретко е потреба операција. Тоа е повик кој телото го дава за да се погрижиме за здравјето на телотоп и ‘рбетот со помош на физикална терапија и вежби за подобрување на силата и флексибилноста.
Повеќето пациенти добро реагираат на физикална терапија, што може да помогне да се минимизираат болките во вратот или грбот што се предизвикани од дискус хернија. Физиотерапевтите се експерти за движење кои ја третираат болката преку практична нега, едукација на пациентот и пропишано движење. Кинезитерапевтскит вежби даваат најдобар ефект кога се комбинираат со физикална терапија.
Ако вежбањето не е опција во случај кога други состојби ја ограничуваат вашата подвижност, физиотерапетите се тие ко што може да ви помогнат. Истражувањата покажуваат дека физикалната терапија и редовното вежбање се многу поефикасни од операција за луѓе кои страдаат од болки во долниот дел на ‘рбетот предизвикани од дискус хернија.
Ако ви е дијагностицирана дискус хернија, не губете надеж, пробајте со физикална терапија. Знаеме дека дијагнозата на дегенеративно дискус хернија звучи страшно, но физиотерапевтите може да ви помогнат да ја намалите или елиминирате болката. Физикалната терапија ќе ви помогне да избегнете ризични опиоиди на рецепт и инвазивни третмани или операција.
Да ја победиме болката без лекови!
Центарот за физикална терапија „Валео“ се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“. Телефонот е 071/506-818. Повеќе детали за тековните акции, понудата и промоциите на нашата официјална страна на Facebook.
Ваш „Валео“

Контакт
Телефон за контакт
