Физикалната терапија може да ви помогне да се ослободите од болките во вратот
Болка во вратот
Повеќето од нас барем еднаш во својот живот имаат почуствувано болка во вратот. Многу луѓе имаат работа која што ги принудува на неправилно држење на телото, наведнати се со вратот надолу или гледаат нагоре во екранот од компјутерот, а резултатот на тоа е појава на јаки болки во вратот. Болката во вратот може да биде особено исцрпувачка и непријатна, и може да влијае на секојдневниот живот и активности.
Вообичаено болката во вратот се движи и надолу до вашите рамена, што предизвикува поголема непријатност. Приближно една третина од населението може да доживее болка во вратот во одреден период од животот. Состојбата може да се влоши доколку соодветно и навремено не се лекува.
Острите болки во вратот можат да ве спречат да функционирате во секојдневниот живот, бидејќи вратот игра огромна улога во вашето интегрално движење. Без разлика дали болката во вратот ви предизвикува проблеми кога се обидувате да седите исправени на столот на работното место или ја наведнувате главата надолу за да ги врзите чевлите, физикалната терапија може да ви помогне да се вратите на нормалното секојдневно функционирање без болка. Физикална терапија за многу луѓе е првиот избор за ослободување од болката во вратот.
Симптоми на болка во вратот
Болката во вратот најчесто е локализирана од основата на черепот, задниот дел на вратот и се спушта до рамената. Нивоата на болка може да се разликуваат по сериозност, од постојана, досадна до остри и прободувачки болки.Центарот за физикална терапија Валео ги третира сите симптоми на болка во вратот.
Најчести симптоми за болка во вратот се:
- Главоболки;
- Вртоглавици;
- Болка во вратот;
- Болни и ограничени движења на вратот;
- Слабост на рацете;
- Спазам на мускулите на вратот;
- Вкочанетост или трнење на рацете.
Причини за болка во вратот
Повреда на коскените структури или меките ткива во вратот е најчеста причина за болка, но постојат и дегенеративни промени кои предизвикуваат болка. Неколку вообичаени проблеми кои можат да резултираат со болка во вратот се:
Дегенерација на зглобовите
Зглобовите на вратот може да дегенерираат со возраста, исто како и другите зглобови во телото. Ова резултира со умерени до силни болки. Други болни состојби, како што е остеоартритисот исто така може да доведат до оштетување на‘рскавиците помеѓу пршлените на вратот.
Болест
Постојат многу болести кои може да резултираат со чувство на болка во вратот. Две вообичаени се менингитис и ревматоиден артритис.
Спазам на мускулите
Мускулите на вратот често се грчат. Дури и при вообичаени активности како што е седење на биро свртени кон екранот на компјутерот може да доведе до згрчување на мускулите на вратот.
Повреди при сообраќајни несреќи
Една од најчестите повреди кои резултираат со болки во вратот е поради сигурносниот појас во автомобилите. Најчесто се предизвикуваат при голем автомобилски судар. Ова се случува поради брзо движење на главата напред-назад, а тоа влијае на повреда на делови од пршлените и на меките ткива во задниот дел на вратот.
Компресија на нервите
Ако имате дискус хернија на вратот или стеснување на каналот на ‘рбетниот мозок, тогаш има и притисок на корените на нервите кои излегуваат од ‘рбетниот мозок. Во некои случаи, нервната болка може да предизвика состојба на радикулопатија, каде што болката од вратот се спушта се до рацете и прстите.
Физикалната терапија може да ја ублажи болката во вратот
Физикалната терапија е еден од најдобрите, најбезбедните методи за лекување на болки во вратот. Нашите физиотерапевти ќе спроведат сеопфатна физикална терапија, ќе проверат каков е опсегот на движењата во вратот, како и сите ограничувања кои ги имате поради вашата болка.
Вашиот терапевт ќе ви понуди соодветна програма за лекување според вашата состојба. Ќе работите заедно за да ги разберете целите и очекувањата од секој чекор во вашиот индивидуален план за третман, со главен фокус да се надминат болките во вратот и да закрепнете што е можно побрзо.
Каков е третманот со физикална терапија за болки во вратот?
Третманот за болка во вратот може да се состои од физикални терапија, мануелна терапија, кинезитерапија и масажа.
Терапијата се фокусира на подобрување на држењето на телото, ја забрзува регенерацијата, како и да се избегне повторна повреда.
Не мора повеќе да ја трпите вашата болка во вратот! Контактирајте го центарот за физикална терапија Валео. Ние ќе ви помогнеме да започнете пат кон вашето закрепнување.

