
Контакт
Добредојдовте во Валео, центар за физиотерапија
Телефон
Е-Маил
Полни 12 години стоиме силно помеѓу Вас и болката со нашето богато искуство, професионализам и перфекционизам во областа на физикалната медицина.
Здравјето на пациентите за нас е главен мотив да се движиме напред. Нашата визија е да направиме разлика во вас, да го подобрите вашето здравје и придонесот во нашата заедница. Со страст и интегритет, обезбедуваме највисок квалитет на природна здравствена заштита користејќи клинички докажани методи и техники за физиотерапија. Дојдете да доживеете извонредност во грижата за вас и вашето здравје и почнете да го живеете животот што требаше да го живеете и го заслужувате. Горди сме што обезбедуваме најсовремена апаратура во југозападниот дел од Македонија каде што можете да очекувате најквалитетна физиотерапевтска нега на располагање. Наш врвен приоритет е да ја заштитиме благосостојбата на нашите ценети пациенти.
Нашата приказна започна на 10-ти август 2011 година во објект во близина на хотел „Дончо“, во ординацијата која тогаш беше опремена со стандардна апаратура за физикална терапија.
После само година и половина се опремивме со тогаш еден од најсовремените апарати во физикалната медицина со широк спектар на примена (бевме и се’ уште сме единствени во овој регион на Македонија кои што го имаат тој апарат). Шок вејвот освен што има аналгетско дејство тој е најдоброто и единственото решение за елеминација т.е топење на народно познатите шилци со степен на успех од над 80%. До 2018 година, работевме во објект во близина на Градскиот пазар, до хотел „Монтенегрин“. Како што пациентите го препознаваа нашиот квалитет, услуга и знаење така и ние се’ повеќе се доедуциравме со меѓународно познати курсеви, обуки и семинари Успешноста на третманите не зависи само од знаењето, доколку не се следи развојот на технологијата во медицината. Така, во 2018 година „Валео“ се опреми со најновиот и најсовремениот апарат во полето на физикалната медицина и беше прв центар за физикална терапија што го „донесе“ во Македонија. Со него, веќе доста познатите дискус хернии, ишијалгии, спондилози стануваат минато. Научно докажаниот степен на успех од над 87% и моменталното ослободување од болка кај 62% од испитаниците зборува само за себе. „Валео“ од 2019 година работи на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“ и во моментов е најсовремениот центар за физикална терапија и кинезитерапија во југозападниот дел од Македонија.
Спондилоза, дискус хернија, шилци, болки во вратот, грбот или во половината, лумбаго и ишијалгија, спортски повреди, руптури на мускули, тетиви и лигаменти, заздравување на фрактури… Ова се најчестите проблеми кои ги решаваме, а за успехот зборуваат преку 4.000 наши задоволни пациенти.
Центарот се наоѓа на улицата „АСНОМ“, во населбата „Бејбунар“ во Охрид. Телефонот е 071/506-818.
Повеќе детали за тековните акции, понудата и промоциите на нашата официјална веб страна, како и на профилите на социјалните мрежи на Facebook и Instagram.
Контакт
Телефон за контакт