Контакт
Добредојдовте во Валео, центар за физиотерапија
Телефон
Е-Маил
Марина Кљајиќ- Петковски е вработена и мајка на три деца, по третманите во Физиотерапија и кинезитерапија „Валео“ вели дека повеќе не се сеќава каде и’ била болката во рамото.
Пред неколку месеци, кога се спроведуваа третманите, задоволството кај двете страни беше огромно, затоа што болката исчезна и Марина започна сосема нормално да живее и да ги извршува секојдневните обврски. Деновиве беше спроведена контрола, која само го потврди она што е ново секојдневие за неа – болката е минато.

– Поминаа шест месеци од мојата терапија во „Валео“. Болките трајно исчезнаа и не се вратија. Се чувствувам прекрасно и најтопло Ви препорачувам – сите Вие кои имате болки во рамото, кои се соочувате со калцификати или имате било каков проблем од овој вид, обратете се кај професионалниот тим во „Валео“. Нека болката стане минато, вели Марина.
Таа сега може да ги извршува без проблем секојдневните домашни и работни обврски и нема потреба да зема никакви лекови.

За нас во „Валео“, ваквите успешни приказни се дополнителна мотивација да продолжиме понатаму да вложуваме во опрема, едукација и надградба, се’ во насока на давање на подобри услуги.
Не дозволувајте болката да Ве оддалечи од квалитетниот живот. До подобро здравје со клинички докажани методи и техники за физиотерапија. Задоволните пациенти се нашиот најголем успех. Да ја победиме болката заедно.
Центар за физикална терапија „Валео“, улица „АСНОМ“, населба „Бејбунар“. Телефонот е 071/506-818, а повеќе детали за тековните акции, понудата и промоциите на нашата веб страна valeoohrid.mk, како и на профилите на Facebook, Instagram, YouTube и X(Twitter).

Контакт
Телефон за контакт
