
Контакт
Добредојдовте во Валео, центар за физиотерапија
Телефон
Е-Маил
Многу луѓе кои се соочиле или се’ уште се соочуваат со проблеми поврзани со популарната „дискус хернија“, често прашуваат:
– Која е причината за нејзино настанување?
– Зошто баш мене ми се случува тоа?
– Не кравав ништо тешко, а сепак имам дискус хернија?
– Мојата работа не е физички тешка, тогаш зошто имам „дискус хернија“?
– Јас редовно спортувам, а сепак се соочувам со проблем со „дискус хернија“, која е причината за нејзиното настанување?
Во следниот прилог се одговорите. Прочитајте како научните истажувања ги докажуваат ризик факторите за дегенерација на интервертебралните дискуси.
Дегенерацијата на интервертебралните дискови (ДИД) е распространета дегенеративна состојба, за која се верува дека е значаен придонесувач за појавата на болки во долниот дел на грбот (БДГ), што резултира со значителни предизвици и за пациентите и за општеството.
Оваа состојба е означена со намалување на висината на дискот, раскинувања во анулус фибросус (АФ), губиток на протеогликан, дехидратација на нуклеус пулпосус (НП), и калцификација на ‘рскавичните краеви.
Понатаму, дегенерацијата на интервертебралните дискуси е исто така поврзан со ишијас, дискус хернија и спинална стеноза, кои се примарни фактори кои можат да предизвикаат болка и инвалидитет кај постарите лица.
Испитувањето на причинско-последичните асоцијации помеѓу модифицираните потенцијални ризик фактори (начин на живот и индивидуални фактори, поврзани психолошки и физички болести, липиден метаболизам, метаболизам на гликоза, степен на дебелина) и дегенерацијата на интервертебралните дискови во студиите за асоцијација на геномот (GWAS) со примероци направени помеѓу 54.358 и 766.345 учесници со двонасочна Менделова рандомизација (MR).
Резултатите покажале дека пушењето (Однос на шанси (OR==1,221, 95% CI: 1,068−1,396) и консумирањето алкохол (OR=1,208, 95% CI: 1,056−1,328) може да го зголемат ризикот од дегенерација на интервертебралните дискуси, додека ризикот од дегенерација на интервертебралните дискуси е помал кај оние со повисоко ниво на образование (OR=0,573, 95%CI: 0,502 -0,654) и повисоки приходи во домаќинството (OR=0,614, 95%CI: 0,445−0,847).
Несоница (OR=1,799, 95%CI: 1,162-2,783), хипертензија (OR=2,113, 95%CI: 1,132 -3,944) и дијабетес тип 2 (OR=1,069, 95%CI: 1,024-1,115) се важни три ризик фактори поврзани со дегенерација на интервертебралните дискуси.
Дополнително, оваа студија покажа дека зголемено ниво на триглицериди (OR=1,080, 95%CI:1,013-1,151), гликоза измерена на гладно (OR=1,189, 95%CI: 1,007−1,405) и HbA1c (OR=1,308, 95% CI:1.017−1.683) може значително да ги зголеми шансите за дегенерација на интервертебралните дискуси.
Остеоартритисот на колкот, HDL, аполипопротеинот А-I, БМИ и факторите на дебелина покажаа двонасочни причинско-последични асоцијации со дегенерација на интервертебралните дискуси, причинската поврзаност помеѓу овие фактори на ризик и дегенерација на интервертебралните дискуси е неизвесна.
Се забележува дека метаболичките нарушувања имаат позначаен ефект врз дегенерација на интервертебралните дискуси отколку биомеханичките промени, бидејќи лицата со дијабетес тип 2, покачени триглицериди, гликоза измерена на гладно и покачен HbA1c се изложени на поголем ризик за дегенерација на интервертебралните дискуси, а причинската поврзаност на карактеристиките поврзани со дебелината се нејасни.
Овие наоди се во спротивност со современата биомеханичка шема која го гледа прекумерното физичко оптоварување како примарен причински фактор за дегенерација на дискот.
Да ја победиме болката заедно…
улица „АСНОМ“, населба „Бејбунар“
телефон 071/506-818
Физиотерапија и кинезитерапија „Валео“ – Охрид
Контакт
Телефон за контакт